Јовески: Ако го обвиневме за убиство Илиќ, судот ќе го ослободеше
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Јовевски изјави дека преквалификацијата на делото на Бобан Илиќ од „убиство“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со малиот Алмир, е поради тоа што од обвинителството настојувале да се задоволи правдата, пренесе Слободен печат.
– Обвинителството го преквалификува обвинението бидејќи повеќе од сигурно беше доколку остане истото обвинение судот ќе донесеше ослободителна пресуда, квалификацијата на кривичното дело ја диктира доказите во предметот.
Тој додаде дека Обвинителството не е поделено по етничка основа и потсети дека за преквалификацијата гласаа и обвинители кои се етнички Албанци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа