Пијан маж навредувал и одбивал помош - пронајден мртов пред болница во Кавадарци

Вчера, во 01 часот и 10 минути по полноќ во Полициската станица Кавадарци, од Јавната здравствена установа  Кавадарци било пријавено дека пред влезот  на установата имало непознато лице во алкохолизирана состојба, кое ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска помош. 

Кога излегле да видат што се случува со  него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот. По извршени проверки констатирано е дека се работи 48-годишниот Ј.М. од Кавадарци. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

 

 

 

26.03.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега