Тешка кражба во Скопје - им влегол дома и си заминал со „плен“ од 15.000 евра

Во Полициското одделение Петровец, вчера утрината во 9 часот и 10 минути, 30-годишниот Д.М. од населба Илинден-Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 06:45 до 08:50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.

Сторителот влегол преку незаклучената врата додека неговото и семејството на брат му спиеле и одзел чанта во која имало 15.000 евра.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.03.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега