Оружје и дрога пронајдени во домот на дебарчанец - едно лице приведено

Вчера, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на 40-годишниот А.А. од Дебар. При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени еден пиштол „Застава“ калибар 7,65мм кој го поседувал без одобрение, со рамка со три куршуми калибар 7,65мм и еден куршум калибар 7,65мм кој се наоѓал во цевката од пиштолот; една најлонска ќеса со марихуана и мобилен телефон.  Одземените предмети биле дадени на вештачење, а А.А. бил приведен и здржан во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот, против А.А. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

26.03.2018 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега