Србија ќе и пушти на Црна Гора - Македонија може да се пакува
Македонија може да ги пакува куферите бидејќи повеќе од извесно е дека Србија ќе загуби на утрешниот меч против Црна Гора. Вакви се коментарите меѓу љубителите на кошарката во земјава но и во Јесенице. Социјалните мрежи се полни со коментари дека логично е Србија да го загуби утрешниот меч. Причина за тоа е фактот дека согласно правилата, доколку Србија загуби од Црна Гора тогаш во следната фаза покрај северниот сосед оди и Литванија и Летонија. Тоа за Србите значи дека во втората фаза ќе пренесат 4 поени бидејќи славеа победи против овие репрезентации. Победа над Црна Гора за нив ќе значи дека ќе си одземат два бода во следната фаза, бидејќи со десет плус против Летонија во таква ситуација, Македонија е во вториот дел, а нашите кошаркаи ја победија Србија.
Веќе се пренесуваат и изјавите на српскиот селектор дека Србија им проблеми со повредени играчи и деќа ќе биде тешко да го добијат утрешниот меч.
Колку од овие шпекулации ќе се остварат ќе знаеме утре по мечот меѓу Србија и Црна Гора. Нам ни останува да се надеваме дека Србија спортски ќе го одигра утрешниот меч и секако, дека ние ќе си ја завршиме нашата работа против Летонија.