Попоски: Спорот со името може да се реши само доколку е во интерес на Македонија

Поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, во вчерашното гостување во емисијата Топ Тема на Ваша страна потенцираше дека спорот со името може да се решава само доколку е во интерес на Македонија, а не треба да се реши за некоj да се прави среќен.

Попоски смета дека доколку владата на СДСМ не ги известила претседателот на државата и опозицијата за разговорите кои ги води со Грција докажува само дека оваа влада нема никаква стратегија за да го реши спорот со името.

-Доколку сме согласни дека ЕУ е инструмент за наш напредок каде што ќе имаме систем, ред, поредок, правна држава дајте да ги поправаме тие работи и да напредува. А, да не дозволиме ситуација во која ветуваме дека тоа ќе го испорачаме а првата жртва на реконструкција во владата ви е министерот за правда или ветувате дека ќе направите системски промени во тој дел, а веќе 10 месеци немате испорачано конкретен резултат. Не е време за политиканство, кажа Попоски.

Екс министерот за надворешни работи посочи дека сега има влада која што 10 месеци ветува живот, а нема испорачано ниту еден од оние параметри кој што ги ветуваше, како што кажа тој тоа го велат сите сериозни аналитичари кои се провладино настроени.

 

 

 

23.03.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега