Видео: Куќите под вода, мештаните во очај - снегот направи неред низ регионот

Пролетната снежна бура, проследена со ветер ги погоди сите земји од Балканот и предизвика огромен хаос.

Во повеќе градови во Далмација овој снег предизвика сообраќајни несреќи, па поради тоа се создале и километарски колони на возила.

Според информациите на хрватските медиуми, кај луѓето се појавил страв од наглото зголемување на водостоите на реките и поплавувањето на домовите.

Припадници на Хрватската војска работат на спречување на поплавите.

Освен во Хрватса, снежно невреме ја зафати и Црна Гора, Србија, но и нашата земја.

Нивото на природните езера денеска бележат зголемување во однос на вчера и во однос на просекот за март. Нивото на Охридско Езеро е 14 сантиметри над дозволениот максимален водостој и изнесува 693.89.

Зголемено ниво има на Вардар кај јегуновце, Скјопје, Велес и Демир Капија. поголемо ниво има и Треска, Струмица и Црна Река. 

Според мерењата на УХМР намален е водостојот на Пчиња, Крива Река, Брегалница, Сатеска и Радика.

 

 

 

23.03.2018 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега