ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на обвинетите од „Сопот“ беше дел од платформата
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа за откажувањето на СЈО од Сопот.
„Една година подоцна СЈО ги ослободи со образложение дека немало докази. Кој го минираше патот Сушево-Сопот по кој на 4 март 2003 година се движеше конвојот на НАТО, одговор нема. Кој ја набави и подметна експлозивната направа во месноста Божја Дупка, од чија детонација животите ги загубија припадниците на полскиот контингент, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски, одговор нема Кои се првите луѓе на МВР, БЈБ и УБК одговорни за истрагата и дали тие знаеле за информациите изнесени денеска? Дали ќе има одговорност доколку СЈО верува дека тогашната власт ја монтирале истрагата? Дали ќе има одговорност за судиите кои тогаш го воделе предметот бидејќи според Катица Јанева суделе без докази?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека платформата се реализира, а скандалите се покриваат со монтирани обвиненија во кои уметници, режисери, глумци, пратеници без никакви докази се прогласуваат за терористи. Според нив не постои никаква основа политички обвинетите за настаните од 27-ми да останат во притвор.
„Денес Врховниот суд на Република Македонија ќе одлучува по приговорите на неправедно обвининетите патриоти. Нема ниту еден правен аргумент зошто на овие луѓе би им се продолжила мерката притвор“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа