Бурата целосно го урна Мостот на желбите во Охрид

Силно невреме и јужен ветар кој на моменти достигна брзина од околу 100 километри на час го зафати Охрид.

Високите  бранови го преплавија кејот и предизвикаа поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, односно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото.

Од силината на ветерот скршен е дрвениот мост на желбите кај Потпеш ,искорнати se дрвја,паднати лимови и делови од покриви на некои постари куќи а во Пештани пак скршено дрво предизвика застој на патниот правец Охрид –Свети Наум и прекин во електроснабдувањето.

 

 

 

17.03.2018 - 22:46
Фото: 
Sitel

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега