Српска листа нема да гласа за демаркацијата на косовско-црногорската граница

Српска листа доцна синоќа потврди дека не го менува ставот дека нејзините десет пратеници во косовскиот Парламент нема да го гласаат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Пратеникот на овој политички субјект, Игор Симиќ, задолжен за комункација со медиумите изјави дека Српска листа во врска со демаркацијата веќе го кажала својот став и оти истиот не го менува.

Неодамна  преку соопштение партијата посочи дека ќе продолжи да се бори за интересите на српскиот народ во Косово, а не за интересите на одредени  домашни и странски кругови на власт.

- Српска листа нема да гласа за демаркацијата независно од лажните и тенденциозни изјави кои се пласираат на медумите на албански јазики, а кои се цитраат и од српските медуми, изјави Симиќ.

Неговата изјава уследи по веста на медиумите дека Српска листа ќе гласа за ратификација на договорот, но оти за тоа има неколку услови.

Лидерот на Српската демократска прогресивна странка на Косово, Ненад Рашиќ, синоќа изјави дека пратениците на Српска листа, имаат неколку услови за да ја подржат ратификацијата на Договорот и дека тое се „нивни финансиски и лични услови“.

Од друга страна Демократскот сојуз на Косово побара транспарентност околу разговорите на Владата и Српска листа, додека пратеникот од Социјал демократската иницијатива, Билал Шерифи, изјави дека Српска листа ја условува владата на премиерот Рамуш Харадинај во замена за гласови за демаркацијата.

За изгласување на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница, потребна е поддршка од 80 патеници во косовскиот Парламент, а владината коалиција до сега има обезбедено 78 гласови.

Нема промена во ставот дека нема да го гласа договорот и Движењето Самоопределување, кое во Парламентот има 31 пратеник.

Договорот е потпишан на 26 август 2015 година во Виена и истиот веќе е ратификуван од страна на црногорскиот законодавен дом.

Тој е услов за довивање визна либерализација и доколку истиот не биде ратификуван овие денови, како што  изјави министерката за европска интеграција, Дурата Хоџа, визната либерализација нема да се случи пред 2020 година. 

 

 

 

14.03.2018 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега