Ново правило: Веднаш престанете да ги перете алиштата на 60 степени

Изгледа дека старото правило „колку е потопла водата, толку алиштата се почисти“ веќе не важи.

Непишаното правило кое со генерации се пренесува вели дека шарените и црните алишта треба да се перат на 40 степени, а белите и многу валканите на 60. Сепак, изгледа дека ова правило е застарено и повеќе не важи.

Според новите спроведени студии, перењето алишта на 60 степени е сосема непотребно.

Како прва причина се наведува безпотребното трошење на електрична енергија, а покрај тоа дури и најтврдокорните дамки може без проблем да се исперат на 40 степени.

Особено доколку користите модерни машини за перења алишта, како и течни детергенти кои ги отстрануваат нечистотиите.

 

 

 

13.03.2018 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега