Талат Џафери ја закажа седницата за Законот за јазиците

Според најавите, СДСМ и ДУИ ќе се обидат спротивно на Деловникот да ги заобиколат 36.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и да го изгласаат законот.
Експертската јавност е зачудена од постапките на мнозинството особено ако се знае дека и домашната и меѓународната јавност не гледаат потреба да се задоволуваат желбите на ДУИ.
Сепак од СДСМ сметаат дека е апсурдно да се разгледуваат 36.000 амандмани на закон кој има 23 членови. Од партијата велат дека имало време да се поднесуваат амандмани на законот а ВМРО-ДПМНЕ тоа време не го искористиле.
За волја на вистината, Законот за јазиците одеше под европско знаменце што наиде на реакции од официјален Брисел за злоупотреба на овој инструмент во Собранието. Тоа што законот одеше низ постапка со европско знаменце значи дека беше со скратена и ограничена дебата. Но и таа, скратена дебата ДУИ не ја овозможи. Само БЕСА успеа да поднесе 1 амандман а Артан Груби воопшто не дозволи да почне некаква расправа по овој амандман блокирајќи ја работата на Комисијата за европски прашања која беше матично работно тело за ова законско решение.
Од ВМРО-ДПМНЕ предупредија да не се прават обиди за „парламентарен тероризам“ бидејќи истите можат да донесат последици.

 

 

 

13.03.2018 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега