Фетаи побара притвор за еден од обвинетите за „Насилство во Центар“
На денешното рочиште за случајот „Насилството во центар“, во кој меѓу обвинетите се и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески, не дојде еден од обвинетите, Милан Андонов, а Фатиме Фетаи поради тоа побара притвор.
Обвинителката Фетаи откако го разгледа извештајот од специјалист истакна дека обвинетиот имал ларангитис и дека докторот препорачува 14 дена да нема физички напор.
-Доколку денеска дојдеше обвинетиот сигурно немаше да има физички напор. Неговото отсуство е со цел да ја одоговлече постапката. Ова е трет пат како истиот обвинет не се појавува. Очигледно е дека избегнува да дојде, затоа предлагам да му се изрече притвор, рече Фетаи, пренесе Фокус.
На минатото рочиште, судијата Душан Јосифов го одложи судењето, по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа