Уставен одлучи: Помала плата за потпретседателите на Влада

 

Уставниот суд донесе одлука за укинување на членот 14 во делот „потпретседатели на Влада“ од Законот за плата и надоместоци, што би значело намалување на платата потпретседателите во Владата, бидејќи смета дека функцијата е фиктивна, пренесе А1.он.

– Со членот 14 од Законот за плата и други надоместоци, се определува коефициент за плата на потпретседател на Владата што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија, поради што Судот оцени дека ваквата законска регулатива е нејасна и неприменлива и не е во согласност со владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, стои во одлуката на Уставниот суд.

Со тоа, платата на петте потпретседатели Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика ќе биде намалена.

 

 

 

13.03.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега