Двојно зголемени нивоата на неколку реки, Црна под просекот
Двојно зголемени се водостоите на Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод и Вардар кај Зајчев Рид во однос на просекот за март, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, како и Пчиња кај Катлановска Бања бележат одредени покачувања, Брегалница и Крива Река не отстапуваат значително, додека Црна Река кај Новаци е под просекот.
Ниовата на езерата се речиси непроменети.
13.03.2018 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа