Катимерини: Забавена динамиката на преговорите за името
Со бавна динамика, по многу брзиот почеток, течат преговорите за решавање на разликата околу името меѓу Атина и Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
- Забавената динамика можеби и го објаснува континуираното одложување на патувањето на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас во ПЈРМ, со цел, меѓу другото, да го означи првиот директен лет од Атина за Скопје по речиси 12 години. Со фактот дека во среда, Коѕијас ќе одржи говор на Факултетот Флечер, на Универзитетот Тафтс во Бостон, не се предвидува ниту оваа седмица да се реализира посетата на Скопје. Поконкретно, посетата на ПЈРМ не би можела воопшто да се случи пред крајот на март, пишува „Катимерини“.
Според весникот, јави дописникот на МИА од Атина, и покрај тоа што македонската влада ги направила првите симболични отстапки, „во суштината на преговорите направени се мали отстапки за важните разлики кои остануваат, барем врз основа на она што во изминатиот месец го изјави премиерот на земјата Зоран Заев“.
„Катимерини“ наведува дека за Грција и понатаму е важно Македонија да направи уставни промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа