Самарас пред посетата на Нимиц: Нема да преговараме за историскиот идентитет на грчката Македонија!

 

Само два дена пред посетата на медијаторот Метју Нимиц на Атина, грчкиот премиер Андонис Самарас, истакна дека Грција нема намера да преговара за историскиот идентитет на грчката Македонија, пренесе Канал 5.

 Развој значи безбедност, стабилност, просперитет, но стабилност значи дека не се толерираат ниту провокации, ниту иредентизми од соседни земји. Ние први сакаме да им помогнеме на нашите соседи, но за историскиот идентитет на грчката Македонија не преговараме. Ние први им подаваме рака на пријателство и бараме заедничка перспектива за развој, но со еднострани провокации, пријателството не може да издржи и не може да постои соработка. Ова го кажувам колку е можно поедноставно и се надевам ќе го сфатат, порача грчкиот премиер Андонис Самарас.

Инаку, Самарас говореше во Солун на отворањето на Меѓународниот саем.

 

 

07.09.2013 - 12:49
Фото: 
Кајгана

најчитано сега