Обид за грабеж во Бакингамската палата во Лондон

 

Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека две лица се уапсени и задржани на сослушување, откако се откриени во Бакингамската Палата, службена резиденција на британската кралица Елизабета.

Крадците навлегле во службените простории, искачувајќи се преку фасадата на резиденцијата, што се наоѓа во центарот на Лондон.

Инцидентот се случил уште во понеделникот, по 22 часот, но полицијата дури денеска го откри инцидентот, објаснувајќи го тоа со потребите на истрагата.

Полицијата отворила истрага и за работењето и дејствувањето на безбедносната служба во Палатата.

Никој од членовите на кралското семејство не бил во Бакингамската палата во време кога се случиле овие два инциденти.

Во текот на летото, секоја година два месеци, кога кралицата не е во Палатата, таа се отвора за посетители и гости, за разгледување, но туристите не може да влегуваат во делот каде живее кралицата.

 

07.09.2013 - 12:25

најчитано сега