Обама: И бомбардирањето на Косово не беше популарно но беше правилно!

 

Американскиот претседател Барак Обама интервенцијата во Сирија ја спореди со онаа во Косово пред неколку години.

"Интервенцијата во Косово беше многу непопуларна, но мислам дека на крајот беше правилно што дојде до неа и меѓународната заедница може да биде задоволна што учествуваше во истата", изјавил Обама по самитот Г20 во Санкт Петербург.

Воедно, претседателот на САД повторно го обвинил сирискиот претседател за користење на хемиско оружје.

07.09.2013 - 12:20

најчитано сега