„Детонатор“ го стресе Гостивар - запленети 16 покер-апарати
Во рамки на продолжената акција на МВР „Детонатор“ во гостиварското село Градец се откриени 16 апарати за кои немало соосдветна документација.
Pокер-апаратите биле откриени вчера попладне при контрола на три објекти. Во еден без име и фирма, сопственост на М.И. најдени се осум апарати, во објектот „Спорт“ сопственост на Б.А. три, а во „Бест Винер“ на Р.Т, најдени се пет. Сите апарати биле во функција и на повеќето имало играчи. Апаратите биле одземени, а на разговор биле повикани сопствениците и одговорните во локалите А.И и А.Р.
Во текот на денот ќе биде утврдено дали на нив се организирал комар или пак неовластено биле приредувани игри на среќа. Зависно од тоа какви неправилности ќе бидат откриени, такави поднесоци и ќе следуваат.
07.09.2013 - 11:42
Фото:
Сител