Вулин: Доколку не се формира ЗСО, Српска листа да ја собори Владата

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, побара од Српска листа да ја собори Владата на Косово доколку не се формира Заедницата на српски општини.

Вулин нагласил дека договорот за Заедницата е постигнат во Брисел и од него нема да се смени ни точка.

- Доколку Приштина не е во состојба да го спроведе договорот за Заедницата на српски општини, тогаш Српска листа треба да ја собори Владата. Ако тие не се во состојба да го одржат зборот, тогаш треба да има нови избори. ЗСО е договор од Брисел и за тоа не треба повторно да се преговара, истакна Вулин.

Според него докулку меѓународните претставници не реагираат тогаш Србија треба да ја разгледа својата позиција.

И српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека ЗСО треба да се формира, најавувајќи дека доколку тоа не се случи „ќе се разгледа  дијалогот Србија-Косово“.

 

 

 

09.03.2018 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега