Убиецот на Нешковски е во самица откако побегна од Идризово

Убиецот на Мартин Нешковски, специјалецот на МВР Игор Спасов се наоѓа во самица во затворот Идризово. Причината се уште се спори. Од затворот Идризово велат дека Спасов не  бил во бегство како што се шпекулираше во дел од медиумите, туку поради прекршување на дисциплинските правила на казнената установа – информираат од КПУ Идризово, пренесе 24 Вести.

- „Осуденото лице Игор Спасов се наоѓа на издржување на казна затвор во КПУ-КПД Идризово, а истиот е сместен согласно третманот во Затворениот дел на Установата“ - КПУ-КПД Идризово

Бегството го демантираат од затворската полиција.

- „Дадов потврда со сигурност дека осуденото лице Игор Спасов ниту побегнал ниту е во бегство, Игор се наоѓа во установата. Се наоѓа во самица поради сторен прекршок во дисциплината на установата“, вели Антонио Стојчевски – Претседател на синдикат на затворска полиција

Стојановиќ додава дека не знае што точно се случило во Идризово, но вели дека побарал да се истражи случајот со Спасов и вети дека јавноста ќе го добие извештајот кога ќе биде готов. 

 

 

 

09.03.2018 - 18:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега