Бугарин ќе се обиде да плива во Охридското езеро пикнат во вреќа

Јани Петков од Бугарија кој има 59 години ќе се обиде да преплива повеќе од три километри во Охридското езеро верувале или не врзан во вреќа.

Бугаринот својот потфат ќе го направи во вторник. Инаку, Јани е познат како медицински феномен со вредности на хемоглобин во крвта под нормалните. Тој користи посебна техника на дишење за да го изведе својот потфат.

Инаку, ова не е прв ваков потфат на Бугаринот. Тој и во 2011 година пливаше врзан во вреќа, во водите на вештачкото езеро Крџали во Бугарија.

 

06.09.2013 - 16:14

најчитано сега