Земјотрес од 7,1 степени по Рихтер- се чекаат податоци за материјални штети и евентуални жртви

Земјотрес со интензитет од 7,1 степении според Рихтерова скала денеска е регистриран на 135 километри источно од градот Рабаул во источниот дел на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја.

Потресот се случил во 3 часот и 39 минути по локално време (18:39 часот по средноевропско време), соопшти Американскиот геофизички институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. 

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами објави тревога за можна појава на големи бранови.

Ова е втор силен земјотрес регистриран оваа недела во реонот на Папуа Нова Гвинеја, по оној од вторникот со интензитет од 6,7 степени според Рихтер.

Во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што се случи во Папуа Нова Гвинеја на 26 февруари, загинаа повеќе од 100 лица

 

 

 

08.03.2018 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега