СДСМ: Граѓаните чувствуваат придобивки од одговорното работење на новата Влада

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за граѓаните, за време на своето владеење ќе работеше на создавање услови за економски напредок и квалитетен живот“, велат од владејачката СДСМ во однос на денешните партиски препукувања за економските политики на новата влада.

„Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто денес се соочува ПИОМ и затоа опозициската партија шири лажни вести. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Владата предводена од СДСМ се грижи за сите категории граѓани подеднакво“, се наведува во партиското соопштение.

 

Од СДСМ истакнуваат дека пензиите се усогласуваат со трошоците за живот и тие се исплаќаат редовно и навремено.

„Одржливоста на пензискиот систем е приоритет за Владата предводена од СДСМ и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои се стабилизира состојбата со ПИОМ“, стои во соопштението на владејачката партија.

Оттаму истакнуваат дека граѓаните веќе ја чувствуваат разликата помеѓу расипничкото и криминално трошење на буџетските пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.

„Тоа го потврдуваат и економските параметри. По падот на економијата поради лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во последната четвртина од годината, економијата порасна за 1.2 % како одраз на враќањето на стабилноста и ефикасноста на спроведените мерки“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

08.03.2018 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега