Мицкоски: Со реформски закони да го одблокираме Парламентот

Наместо за Законот за јазици, пратениците  да дебатираат за реформските закони на кои ќе им се даде приоритет. Во меѓувреме да се формира работна група која ќе изготви нов текст на Законот за јазици – ова е предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, за деблокада на  Парламентот.

Тој додаде дека нема да ги повлече амандманите поднесени за Законот за јазици  и очекува пратениците да дебатираат по секој од 35 илјади амандмани. Рече дека ВМРО-ДПМНЕ биле првите што повикале на дијалог за Законот за употреба на јазиците.

– Мислам дека ние бевме тие што први повикаа на дијалог, формирање на работни групи што ќе бидат составени од сите политички партии кои што се парламентарни, вклучување на експертската заедница, професорите се разбира и претставници на МАНУ, претставници на кабинетот на претседателот, а се со цел да го подобрат квалитетот на предлог решението. Ако зборуваме за законот за јазиците.Токму во врска со законот за јазиците ние побаравме пред неколку недели. Можеби не сте ги следеле нашите прес конференции, но еве да ве потсетам, пред неколку седмици кога почна оваа постапка на трето читање на законот за јазици во Собранието на Република Македонија, побаравме формирање на работни групи кои што ќе бидат составени од претставници на сите парламентарни политички партии, претставници на МАНУ, претставник од кабинетот на претседателот, а се со цел подобрување на квалитетот, уставноста на законот, а она што е најважно целта на овој закон е да донесе бенефит во Република Македонија, а тоа е неговата применливост, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека не сака да коментира за ултиматуми, алудирајќи на рокот што Талат Џафери го даде на париите за договор.

– Како држава и како Влада бидејќи се декларираат дека се реформска, треба да им дадат приоритет на реформите. Тоа е она што треба да не води во иднина. Тоа е она што во оваа држава треба да се развива. Видовме еден катастрофален резултат за четвртиот квартал за растот на бруто домашниот производ кој што е буквално ист како оној кој што ние го комунициравме изминативе денови. А тоа е дека Македонија има катастрофален раст на економијата и во 2017 година е закована на дното со нула проценти додека светска економија бележи раст. Треба да имаме конечно одговорност да видиме што е она што е приоритет во оваа држава. Ако некој мисли дека партиски агенди се приоритет за развој на оваа држава ние не мислиме, рече Мицкоски.

 

 

 

08.03.2018 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега