Фото: Заев и сопругата дел од маршот за правата на жените

Премиерот Зоран Заев со сопругата денеска беше дел од маршот за родова еднаквост.

- 8 Март е Меѓународен ден на жената преку кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите. За да го испочитуваме меѓународниот празник, поважно од подароците, треба во нашето секојдневие да дејствуваме против родова стереотипизација и да се трудиме да ги овозможиме сите услови за еднакви можности за сите граѓани, без разлика на полот. 8 Март е ден кога одбележуваме борба која непрекинато ќе трае сè до целосната родова еднаквост, стои во пораката на Заев.

 

 

 

08.03.2018 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега