СДСМ: Невропсихијатар ќе ни ги лекува односите со Србија

Опозициската СДСМ  денеска оцени  дека предлогот Вера Јовановска Типко да биде именувана за амбасадор на Македонија во Белград е  погрешен потег на македонската дипломатија и ја обвини Владата дека ангажира нестручни лица да ја претставуваат државата.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција рече дека Владата побарала агреман Вера Јовановска Типко поранешен советник на премиерот Никола Груевски, да биде амбасадор во Србија. Тоа, оцени, е скандалозен потег затоа што  Јовановска е невропсихијатар и сопственик на терапевтски центар, без ниту еден ден искуство во дипломатска сфера.

- Со какви знаења и искуство ќе настапи невропсихијатарот и каква сериозност ќе покаже Република Македонија во надворешно политичките и дипломатски односи, праша портпаролот на СДСМ.

На вакви значајни функции, додаде, кои се всушност лицето на државата треба да се праќаат стручни кадри, а не партиски или приватни консултанти.

06.09.2013 - 15:25

најчитано сега