Трите пожари во велешко конечно ставени под контрола

Пожарот над селото Мелница на Мелничка планина попладнево е повторно ставен под контрола благодарение на 24 часовната интервенција на екипа на ЈП Македонски шуми подружница ШС „Бабуна“ од Велес и локалното население од Мелница и Горно Врановци.

Екипите се уште го контролираат теренот поради можност истиот повторно да се активира,потенцира за МИА, Диме Андонов од ШС „Бабуна“.

Со брзата и непрекината интервенција на екипата на ШС „Бабуна“ под целосна контрола е ставен и пожарот кој избувна вчера напладне на планината Мукос веднаш над Степанскиот манастир. Под контрола е и пожарот што од вчера попладне беснееше помеѓу велешките села Карабуниште и Слп, а со кој беше зафатена околната шума.

Според првичните информации од терен причина за избувнување на пожарите во Велешко е факторот човек. 

06.09.2013 - 15:19