Украле велосипед од крадец

Канадски велосипедист му одржа добра лекција на крадецот на велосипеди, кога го пронашол украдениот велосипид на својот пријател заклучен на улицата. Го заменил со картонски, а на крадецот му оставил и порака.

Корисник на порталот Редит му помогнал на својот пријател од Торонто да го врати украдениот велосипед така што ја пресекле бравата на велосипедот, а потоа на крадецот му оставиле картонски велосипед и писмо.

Во писмото објасниле дека го пронашле велосипедот и зошто го земале назад.

- Никаквец! Го украде мојот велосипед, а си заборавил да ми кажеш каде го остави, пишува во писмото во кое понатаму објаснува како го препознале и дека на крадецот му оставиле картонска замена, се до оној момент кога ќе може да си дозволи вистински велосипед.

Корисникот на Редит објави фотографија од одмазда кон крадецот, а се наведува и дека полицијата во Торонто е презафатена и немаат време и ресурси за да пронаоѓаат и крадци на велосипеди. Објасни и тоа дека крадците на велосипеди во Торонто обично купуваат повеќе исти брави и ги оставаат  на улиците за да не ги фатат со украдена стока.

- Имаше и други велосипеди на улицата, заклучени со идентични брави, напиша овој корисник на Редит и додаде дека оваа тактика е вообичаена во Торонто, а ја користел озогласениот канадски крадец на велосипеди Игор Кенк, кој моментално е во затвор поради крадење.

06.09.2013 - 15:15
Фото: 
Денешен

најчитано сега