Сахара Пјур го презентираше мастер планот за проектот млекарница

Денеска македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Управата за ветеринарство, од Министерството за транспорт и врски, од Агенцијата за просторно планирање, градоначалникот на Лозово, Орце Цветковски и градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев како и Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, се запознаа со мастер планот за проектот Сахара млекарница во Македонија кој беше презентиран од страна на претставници на Сахара Пјур.

Целосниот мастер план детално го објаснува распоредот и динамиката на одвивање на работите на терен. Следната година ќе започне и изградбата на модерната енергетско ефикасна млекарница со модерна фарма со современ систем на молзење и напредна технологија за надгледување на сточниот фонд.

Инаку, Сахара Групацијата во следните три години ќе изгради регионален млечен центар, инвестиција вредна  211 милиони евра, каде ќе се вработат над 2.000 лица и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.

06.09.2013 - 14:58
Фото: 
Алфа.мк