Подготовка на тендерот за втора фаза на Програмата за наводнување на јужната долина на Вардар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари средба со Рене Ешеман, директор на германската кредитна банка „KfW“ за Косово и Македонија,  на која разговарале за подготовките за објавување на тендерската документација за изведба на градежните работи на системот за наводнување во Јужната вардарска долина во делот на Валандово.

Николовски и Ешеман ги разгледале сите подобрувања и можни пречки во реализацијата на проектот, со цел ефикасно спроведување на постапката, а потоа и изведба на работите.

- Тендерската документација е изработена согласно новите правила за тендерирање на „KfW“и ги содржи сите карактеристики на меѓународен тендер. Сите воочени недостатоци од предходниот поништен тендер се коригирани, исто така  и техничките спецификации со цел да се овозможи транспарентност во понудите и можност за поголема конкурентност. Таа е пратена пред две недели на одобрување. Од страна на МЗШВ е одговорено на дополнителните прашања поврзани со приклучување на пумпната станица Страиште во тендерската документација. Исто така, одговорено е и на барањето за пренос на инфраструктурата на Земјоделските задруги, дека таа ќе биде во согласност со процедурите запазени за Земјоделски задруги од првата фаза, чиј трансфер беше направен во јануари, соопшти МЗШВ.

Со цел зајакнување на капацитетите на АД Водостопанство за управување со системот (АД ќе управува со главната пумпна станица Удово, главниот цевковод, препумпните станици и пумпната станица Страиште), во тек е оглас за вработување на оператори кои ќе бидат вклучени во процесот на градење и тренирани за оперирање на системот.

Минатата година германската банка „KfW“ на МЗШВ му одобри дополнителни четири милиони евра грант за реализација на втората фаза од Проектот за наводнување на Јужната вардарска долина. МЗШВ наведува дека оваа Програма е од витално значење за македонското земјоделство.

- Основната цел на Програмата е да се подобрат условите за живот на населението во јужната долина на реката Вардар, преку одржливо управување со природните ресурси и трајно да се реши проблемот со наводнување на обработливите земјоделски површини во регионите што ги опфаќа Програмата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

 

 

 

08.03.2018 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега