Видео: Последните зборови на пилотот на рускиот авион кој се сруши „Тоа е тоа“

Звучните записи од црната копија на рускиот авион кој се сруши на 11 февруари во близина Москва, откриле дека капетанот Валерија Губанов и копилотот Сергеј Гамбрјан се обидувале да спречат трагедија и да го одржат авионот во воздух.

-Сфатив дека сакаш...ама ние одиме надоле. Зошто се спуштаме? Каде одиме? Во висина, во висина!! ржи нѐ горе! - се слуша капетанот Губанов кој му зборува на копилотот. Следува молк, а потоа капетанот заклучува дека веќе им нема спас и следува молк.

-Тоа е тоа - се потследните зборови на пилотот.

Порталот РБЦ пишува дека снимката е автентична, повикувајќи се на извори од Федералната агенција за авијација и Внатрешниот авијатичарски одбор.

Авионот Антонов АН-148 од компанијата „Саратов еирлајнс“ во кој имало 65 патници и 6 членови од екипажот исчезнал од радарот три минути по полетувањето од московскиот аеродром, падот никој не го преживеал.

 

 

 

08.03.2018 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега