Зекири: Многу Албанците невини лежат доживотно во македонските затвори - правиме се за да ги ослободиме

Албанските медиуми пренесуваат дека во интервју на ТВ21, Мухамед Зекири изјавил дека СДСМ работи на ослободување на многу Албанци од притвор.

Имено, Зекири во телевизиската дебата синоќа рече дека многу невини Албанци во моментов се на издржување казна доживотен затвор, пишува Факте.

Според него, се прават напори ова прашање да се реши онака како што беше решен случајот “Монструм”, кога се ослободија од издржување на казната обвинетите за овој случај и предметот беше вратен на повторно разгледување.

„Јас сум во тек и со другите случаи, и со случајот „Алфа“, и со случајот на Алмир и други случаи, и ние се обидуваме да направиме нешто, но мора да разберете дека постојат процедури кои мора да се почитуваат“, – рече Зекири, нагласувајќи дека сепак владата не сака да влијае врз работата на обвинителството.

 

 

 

08.03.2018 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега