ЕУ: Многу докази говорат дека Сирија употребила хемиско оружје

Многу докази покажуваат дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад употребил хемиско оружје за време на нападот на 21 август во близина на Дамаск, заклучиле министрите за одбрана од земјите на ЕУ.

- Постојат многу докази дека режимските сили го употребиле ова оружје, изјави литванскиот министер за одбрана Јуозас Олекас на средбата со своите колеги од Унијата во Вилнус.

Тој истакна дека и покрај тоа што неговите колеги „ја осудиле употребата на хемиско оружје во Сирија и веруваат дека тие што го направиле тоа мораат да одговараат“, постојат „различни мислења“ за одговорот на овие напади.

- Сепак никој не рече дека ќе ја осуди воената акција доколку таа биде спроведена, додаде Олекас.

06.09.2013 - 14:43

најчитано сега