Прелеваат акумулациите Глажња и Липково

 Прелеваат двете акумулации Глажња и Липково, потврдија денеска од Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“.
 
Надлежните оттаму смируваат дека состојбата е под контрола. Водата во браната Глажња е десет сантиметри над нејзиното ниво. Одговорните од претпријатието кое стопанисува со акумулациите од кои со вода се снабдува градот Куманово, велат дека мерки се преземени уште пред 15 дена кога беа најавени врнежи и кога започна да се топи снегот.
 
- Отворен е вентилот на браната, така што вишокот вода се испушташе  во реката Липковка, но поради врнежите и топењето на снегот браните се наполнија и прелеваат. Состојбата е под контрола, очекуваме за ден-два,  целосно да се нормализира. Ние и претходно, со испуштањето на водата одржувавме  еден метар под нивото, изјави директорот на водостопанство „Кумановко-липковско поле“, Оливер Илиевски.
 
Вкупниот капацитет на браната Ликово е милион и 400 илјади метри кубни, додека на браната Глажња е 24 милиони кубни метри вода.
 

 

 

08.03.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега