Наместо на судење обвинет во „Топлик" заврши на Ургентен

Еден од обвинетите во случајот Топлик за кој денеска беше закажано рочиште, наместо на судење заврши во Ургентниот центар во Скопје.

Како што дознава Фокус, Димитар Димовски денеска во шест бил однесен во Ургениот центар „8ми Септември“ поради здравствени проблеми, со отежнато дишење.

Судијата Осман Шабани реагираше дека од документацијата што му беше приложена се гледа дека обвинетиот е пуштен дома, односно не е задржан на лекување, но адвокатот возврати дека му било дадено боледување и дека денеска немало можност да пристигне на судењето.

Денешното рочиште се одложи.

 

 

 

08.03.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега