Пожар на 156 метри висока кула во Велика Британија

Пожар избувна денеска на 156 метри високата кула, која е главна туристичка атракција во англиксиот град Блекпул.

При пожарот на популарната „Блекпул Тауер“ нема жртви, но 12 туристи три часа останаа заглавени на врвот на кулата. 

Огнот избувнал на покривот на приземниот дел од комплексот на кулата, по што големиот дел од туристите и вработените го напуштиле објектот.

Меѓутоа, по активирањето на алармот за пожар во кулата бил исклучен дотекот на електрична енергија, па престанале да работат лифтовите и туристите што биле на врвот останале заглавени.

 

 

 

07.03.2018 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега