Ѓорѓиев: Ембаргото за увоз од Косово негативно ќе се одрази на двете економии

Ограничувањето на увозот на македонски производи не е добро за двете соседски земји и економии, се разговара за надминување на состојбата, но се разгледуваат и други сценарија и сите опции се отворени, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

- Таа мерка не е добра гледајќи и од аспект на функционалност и интерес за двете економии затоа што со неа и економијата на Република Косово ќе претрпи определени негативни последици, пред се граѓаните на Косово. Не е добра ниту пак од еден друг аспект на соседски односи, изјави Ѓорѓиев.

- Особено затоа што досега Република Косово нема реагирано, не нема ниту известено дека има забелешки на определени наши одлуки, ниту пак со некои наши постапки Косово трпело сериозна штета, напротив имаме значителна економска соработка помеѓу двете земји, вели Ѓорѓиев.

Институциите на двете земји во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден се во перманентна комуникација со цел да биде надмината оваа ситуација.

- Ние како Влада повикуваме оваа мерка да биде укината и да биде тргната во функција и на двете земји и економии, на субјектите кои партиципираат и на едната и на другата страна, а во меѓувреме, се разбира, одговорно разгледуваме и други сценарија и можам да кажам дека сите опции се отворени и ништо не е исклучено, изјави Ѓорѓиев.

 

06.09.2013 - 13:03
Фото: 
Денешен

најчитано сега