Владата со јавен повик за партиципација на граѓани во управни и надзорни органи
Владата на Република Македонија распиша јавен повик за пројавување интерес на лица кои сакаат да бидат ангажирани во управни и надзорни одбори чија ингеренција за именување спаѓа во директна или индиректна надлежност на Владата.
- Огласот којшто ќе биде отворен до 25 септември е прв ваков оглас со кој јавно и транспарентно се бара од сите граѓани на Република Македонија кои поседуваат определени способности и квалификации да можат да аплицираат и да се стекнат со можност во соодветна процедура да бидат кандидати и да можат да бидат избрани да партиципираат во надзорните и управните одбори во рамките на државните институции, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
Со првиот распишан оглас за директорски позиции на централно ниво и со вториот оглас којшто во поголема мера беше за пројавување интерес за директорски позиции на локално ниво, со овој трет оглас каде што се опфатени органите на управување - управните и надзорните одбори се шири основата на институции и на органи и севкупно основата за отвореност што ја нуди Владата. - Ова ќе значи дека Владата во соодветна процедура, базирајќи се исклучиво на своите индивидуални способности, лични знаења и карактеристики, може да партиципираат во управувањето на институциите и на тој начин да придонесат за реализација на реформите, изјави Ѓорѓиев.