Кривопаланчанец со дрвен предмет го претепал соселанецот

Кривопаланчанец си заработи кривична пријава поради насилство.

Се работи за 52-годишниот Д.Т. од селото Вржогрнци  кој во дворот од семејната куќа, физички го нападнал 46-годишниот сограѓанин М.Д.

Збеснатиор кривопаланчанец оштетениот го турнал на подот и со тупаници и дрвен предмет го удирал по телото, со што му нанел тешка телесна повреда.

06.09.2013 - 12:45