Тетовец приредувал игри на среќа во објект без лиценца - запленет целиот инвентар

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 18-годишниот Г.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган“, „комар“ и  „даночно затајување“. На  03.01.2018 година, при  контрола во објект-спортска обложувалница без фирма, сопственост на 60-годишниот П.М.од Тетово, во село Мала Речица, тетовско, полициски службеници го затекнале пријавениот како приредува забавни и игри на среќа без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган. Притоа, во објектот биле пронајдени седум телевизори, четири куќишта за компјутер, четири монитори за компјутер, четири тастатури за компјутер, четири мауси,  апарат за приредување игри со кучиња, три принтери и  баркод читач, како и  4.870 денари од остварен дневен промет.   

 

 

 

07.03.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега