Селекторот на Велшаните си го заборавил пасошот - не допатува во Скопје

Селекторот Крис Колман не допатува во Скопје заедно со фудбалерите на Велс бидејќи си го заборавил пасошот, пренесува Нова Македонија.

Новинарите од Велс се изненадиле кога селекторот не го виделе во авионот за Скопје. Тој ја пропушти и првата  прес-конференција и првиот тренинг на фудбалерите на Велс во Скопје.

Инаку, се очекува до вечерва тој да допатува во Скопје.

Дуелот Македонија-Велси ќе се одигра утре од 19 часот на Филип Втори.

06.09.2013 - 12:01
Фото: 
Алфа

најчитано сега