Кражба во продавница за бела техника во Скопје

Непознат сторител извршил тешка кражба завчера во продавница за бела техника на улица „Тале Христов“ во Скопје.

МВР информира дека кражбата во полиција ја пријавил 28- годишниот А.Х од Скопје. Сторителот на кражбата скршил стакло од влезната врата и одзел два телевизора и еден лап-топ, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно  расчистување на случајот. 

 

 

 

07.03.2018 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега