Синодот не го “боли” што свештеници во Австралија ја напуштаат МПЦ
(Отец Љупчо Двојаковски, по службата со Митрополитот на Руската црква за Австралија и со Митрополитот на Српската црква за Австралија)
Синодот на Македонската православна црква не разговарал за состојбите во Австралсико-новозеландската епархија ниту на последната седница. Македонските владици како да ги ставаат на страна состојбите во епархијата на австралискиот континент, каде и покрај назначувањето на уште еден надлежен администратор, се стои во место. Синодот не е многу загрижен ниту за тоа дека свештеници во Австралија ја напуштаат МПЦ и заминуваат да служат во други цркви. Наместо за овие сериози проблеми, македонските владици на синодската седница анализрале дали треба да користат интернет и да имаат фејзбук профили.
Прес24 веќе објави дека двајца расчинети свештеници од страна на Владиката Петар, веќе се дел од Руската православна црква, каде служат без никаков проблем. Никој до владиците на МПЦ не сака да го коментира тоа. Некои од нив во неофицијален разговор велат дека не би сакале да се замеруваат со надлежниот администратор, Владиката Петар.
-Тоа што тие заминале и биле примени во друга црква е јасна порака. Кога употребуваме канони да знаеме како да ги употребуваме, дали правилно или дали како ние сакаме. Толку. Пораката е јасна, вели еден владика само кратко коментирајќи го овој парадокс без да навлегува во детали.
Верските аналитичари сметаат дека ова e последица на немањето слух на Синодот за сериозноста на проблемот, исто како и на немањето веројатно воља да се затворти ова децениско прашање.
-Овој проблем во суштина и не е проблем. Спорот е што и двете страни имаат свои интереси. А во Австралија има други, поразлични законски прописи за функционирање. Австралиското општество имаше обиди со медијација да се реши проблемот, без да се влегува во судски спорови. Но немаше воља за разговори, велат верските аналитичари.
Прес24 објави дека веќе извесно време, Љупчо Двојаковски и Jон Димитров, поранешни свештеници ан МПЦ во Австралија, а расчинети од владиката Петар, се дел од Руската православна црква и служат во тамошните цркви. Овие двајца македонски свештеници, ракоположени во МПЦ, а потоа суспендирани од Администраторот, Владиката Петар сега причестуваат, крштеваат и венчаваат верници на РПЦ. Она што е интересно во целата оваа ситуација е односот на Македонската православна црква кон нив, и односот на Руската Православан црква кон нив. И двајцата се ракоположени во МПЦ, црква која официјално е непризнаена во православниот свет, па така непризнаена и од Руската Православна црква. Но, за РПЦ нема никаков проблем тие да бидат дел од нејзината јуриздикција.
Македонските верници во Австралија велат дека ова е невиден македонски парадокс. Руската црква да ги признава за свештеници, а МПЦ да ги игнорира,.
-Ако нивниот грев бил толку голем и навистина причина за расчинување како што тоа го тврди епархискиот црковен суд, со кој претседава Владиката Петар и кој ги расчинил, тогаш тие немало да бидат примени во Руската црква. Руската црква сепак е далеку поорганизирана и сериозна црковна органзиација од МПЦ, така што не би си дозволила во своите редови да прими свештеници кои ги прекршиле каноните. Тоа е доказ дека нивното расчинување е само поради несоглчасувањата со владиката Петар, велат верниците во Австралија, потенцирајќи дека сите православни цркви во Австралија знаат за апсурдот на овој македонско-црковен спор.