Семејство од Канада живее без Интернет и мобилни
Семејството Гвелф од Канада се разликува од останатите семејства по тоа што живеат без Интернет, телефони, компјутери....без било каква технологија.
Кога Блер Мекмилан пред некое време го прашал својот пет годишен син дали сака да се игра со него надвор, тој избрал да седи дома и да се игра на компјутерот, а тогаш разочаран од одговорот на синчето, се решил да го промени начинот на живот за неговото дете да има нормално детство наместо да седи на компјутер.
Искуството го направило семејството поблиско и им дало можност да се зближат, па сето ова се покажало како добра идеја.
06.09.2013 - 11:55