Безмилосни насилници шетаат по улици - двајца браќа крвнички претепани во Градскиот парк во Скопје

Ноќта во средата, три непознати лица претепале двајца скопјани во Градскиот парк во Скопје.

Според информациите од полицијата, 27 годишниот скопјанец А.И. и неговиот брат Д.И. се шетале низ Градскиот парк, кога две момчиња и едно девојче им се приближиле и почнале да ги удираат со метална палка по главата и телото.

Двајцата браќа заработиле телесни повреди и биле пренесени во Градската болница.

Истрагата на полицијата открила дека еден од напаѓачите е всушност 23 годишниот скопјанец И.М. и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

06.09.2013 - 11:43