Формиран Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудство

Владата на синоќешната седница формираше Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев.

Со ова тело, како што информира владиниот портпаролот Миле Бошњаковски, ќе претседава премиерот Зоран Заев, а меѓу членовите не се наоѓаат имињата на оние кои во изминативе 11 години беа дел од негативните појави во правосудството.

Во Советот ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, државниот јавен обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од апелациските судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и по еден претставник од основните судови Скопје 1 и 2.

Како што соопшти владината прес-служба, членови на овој совет ќе бидат и народниот правобранител Иџет Мемети и Џемали Саити, претседател на Здружението на судии, а свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и Блу принт групата на граѓански организации за правосудство. 

 

 

 

07.03.2018 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега