Малолетник избоден среде улица во Скопје

15 годишниот Д.К. вчера попладне бил крвнички претепан и избоден од поголема група лица на улицата „Радушка“ во Скопје. 

Малолетникот прво бил крвнички претепан од групата напаѓачи, а потоа еден од нив го избодел со нож во левата нога.

На момчето му била укажана лекарска помош во градската болница „8 Септември“ и потоа било пуштено на домашно лекување.

Полицијата трага по насилниците кои без никаква причина го претепале момчето.

 

06.09.2013 - 10:46

најчитано сега