Секојдневно турски авиони го повредуваат воздушниот простор на Грција

Повредувањата на воздушното пространство над острови во Егејското Море од страна на турски воени авиони, се речиси секојдневни, соопшти ГШ на грчката армија.

Група од шест турски воени авиони и хеликоптер вчера осум пати го навлегле во воздушното пространство на Грција, во централниот и источен дел од Егејското Море.

 Турските воени авиони биле пресретнати од грчки воени авиони.

06.09.2013 - 10:24

најчитано сега